Powered By Blogger

13. 2. 2014.

Футсал кај нас и во Европа се две различни работи

КОИ СЕ СЛИЧНОСТИТЕ, А КОИ РАЗЛИКИТЕ НА ФУТСАЛОТ КАЈ НАС И ВО ЕЛИТНИТЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ
Деновиве присуствував на завршницата на европското првенство во футсал во белгискиот Антверпен. Овој прекрасен спорт кај нас има длабоки корени, голем број заљубеници, луѓе кои сакаат да го играат и да го гледаат овој спорт. Но кога детално ќе анализираме, футсалот кои го играме ние и најдобрите на континентот, изгледа како два различни спорта. Зошто и како?
Фудбалерите во најсилните футсал екипи и репрезентации се професионалци, а нашите не се. Тие играат на специфицирана подлога и со лиценцирани топки, а ние не. 
Во Европа салите се исполнети, а кај нас не. Па дури и кога игра националната репрезентација, која рака на срце е многу подобра од нашите клубови, луѓе и полни сали нема и покрај домаќинството на градови од внатрешноста. Се на се, светлосни години сме зад европскиот футсал, а и не сме така далеку од учество на некоја голема приредба. Дури и може да се каже дека меѓу сениорската и младинските селекции во фудбал, како и женските репрезентации, футсал репрезентативците се многу поблиску до едно големо натпреварување од гореспоменатите. Дури и Македонија поднесе кандидатура да го организира наредното европско првенство на крајот на јануари 2016 година, но ја загуби битката од подобрата кандидатура на Србија, која во „Пионир„ и „Комбанк арена„ ќе ги организира натпреварите. 
А што е уште нешто што ние немаме, а сите европски футсал сили го имаат? Тоа се бразилци кои играат за националниот тим. Секаде во светот по некој натурализиран бразилец настапува за Шпанија, Русија, Италија, Азербејџан. Ние сме 100% македонски репрезентативци. На светското првенство во Колумбија во 2015 година нема да учествуваме, но планот за Србија треба веднаш да започне. 
Нема далеку да стигнеме ако не ја подигнеме домашната лига, во која меѓу другото овој викенд имаше прекин, и ако на сениорската репрезентација не му дадеме услови и внимание како што заслужуваат. Во спротивно ќе ги гледаме на телевизија најдобрите: Фалкао, Рикардињо, Фернандао, Густаво Лима, Едер Лима и плеадата виртуози на футсал играта, за кои вреди да се плати влезен билет.  

Нема коментара:

Постави коментар