Powered By Blogger

12. 2. 2014.

Александар Ристевски нема среќа со повредите

НАМЕСТО СТАНДАРДНОТО МЕСТО ВО ОДБРАНАТА НА МЕТАЛУРГ, АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ ЌЕ МОРА НА ОПЕРАЦИЈА
Младиот 22 годишен фудбалер на скопски Металург, Александар Ристевски дефинитивно нема среќа со повредите. Централниот дефанзивец од школата на Пелистер, кој се „калеше„ во второлигаѓот Скопје и конечно се врати во Металург, пак се повреди. Имено на подготовките на скопските зелени, Ристевски почувствува болка на кичмениот столб, истата болка заради која паузираше цела сезона.
По деталните лекарски прегледи беше утврдено дека повредата е сериозна и дека фудбалерот ќе мора да оди на операција. Овие денови во консултација со клубот со кој има договор до јуни 2015 година, скопски Металург, ќе се знае кога и каде младиот фудбалер ќе се оперира. Лоша среќа за битолчанецот, кој се наметна за настап во првиот тим, но болката беше посилна од него. Своевремено Ристевски настапуваше за Пелистер и Победа, а беше дел и од младинската репрезентација. 

Нема коментара:

Постави коментар