Powered By Blogger

28. 2. 2014.

Последната минута кобна за Спартак и Канатларовски

ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СРПСКОТО ПРВЕНСТВО, ТИМОТ НА КАНАТЛАРОВСКИ ГО ПОЧНА СО НЕСРЕЌЕН ПОРАЗ
Првото пролетно коло од српската Јелен Супер лига не мина најпозитивно за екипата на македонскиот стручњак Драган Канатларовски. Хитот на есенскиот дел од српското првенство, клубот од Суботица најнапред го одложи мечот со Слобода, па го загуби со примен гол во судиското надополнување.
Со голот на Жеравица во 90 минута гостите од Ужице ги однесоа сите бодови од тешкото гостување. Спартак на битолчанецот Драган Канатларовски по овој пораз остана на 8 место со 21 бод. Во наредното коло в сабота од 13:30 часот, Спартак гостува на Карабурма против ОФК Београд.  

Нема коментара:

Постави коментар