Powered By Blogger

28. 2. 2014.

Кире Стерјов нов тренер на Младост Царев двор

БИВШИОТ ПОМОШНИК ВО ПЕЛИСТЕР, ЗА ПРВ ПАТ ПОЧНУВА САМОСТОЈНА ТРЕНЕРСКА КАРИЕРА
Амбициозниот третолигаш Младост Царев двор направи мала битолска колонија во своите редови. Од вчера нов тренер на оваа екипа е Кире Стерјов, кој по местото асистент во Пелистер и Миравци, за прв пат ќе биде прв тренер, во екипа која има големи шанси да се промовира во второлигаш.
41 годишниот битолчанецот во тимот на Младост ќе соработува со голем дел од фудбалери од школата на Пелистер кои го прифатија предизвикот да го облечат зелено-белиот дрес на Младост Царев двор. Покрај искусниот Талевски, во овој третолигаш настапуваат Петковски, Коруновски, Тони Вељановски, Милан Ивановиќ и уште неколку фудбалери од Битола со прволигашко и второлигашко искуство. По есенскиот дел од третата лига Младост има ист број на бодови како и екипата на Преспа. 

Нема коментара:

Постави коментар