Powered By Blogger

16. 2. 2014.

Чачани пресилни за Пелистер

ТРЕТ ПОРАЗ ВО СЕДМИОТ КОНТРОЛЕН МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПРЕДСЕЗОНАТА
Пелистер - Борац Чачак 0:2 (0:0)

Стадион „Атина Бојаџи„ - Охрид. Гледачи: 200
Главен судија: Тони Марковски
Асистенти: Никола Гелевски и Александар Чагорски (сите од Битола)
Стрелец: Џериќ во 63 и Вукајловиќ во 69 минута за Борац Чачак
Жолти и црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Магловски, Ковачев, Миленковски, Љамчевски, Христов, Анастасов, Елмазовски, Љубенов, Марковски

Уште играа:
Апостоловски, Динчев, Драгарски, Мојсов, Трајковски, Мирчевски, Воденичаров, Милевски, Мустафов, Главевски, Петковски, Ристевски, Кузманов
За разлика од претходните мечеви, сега по прекрасно време и прифатлив терен Пелистер и српскиот второлигаш Борац од Чачак одиграа корисен тест меч. Петто пласираната екипа од српската втора лига се претстави како цврста и физички добро подготвена екипа. Се играше тврдо и без шанси за отворање на резултатот. Така целото прво полувреме мина во знакот на испитување на силите и зрелите можности беа вистинска реткост. Анастасов во 21 минута шутираше за малку преку голот, а 8 минути подоцна се обиде и Ковачев по корнерот на Елмазовски, но шутот со глава беше непрецизен. Најзрелата шанса за чачани ја прокоцка Машовиќ во 41 минута, но не беше најснаодлив пред Пашовски. Но на почетокот на вториот дел со серијата на замени, темпото пред се на битолчани опадна и тоа го искористија србите и во интервал од само 6-7 минути го решија прашањето на победникот. Во периодот кога зелените играа подобро направија две инвидуални грешки кои скапо ги чинеа. Најнапред искусниот Љубенов погреши и во обид на расчисти, топката му ја подари на Џериќ кој го матираше Пашовски. На сличен начин по грешката на Тони Мгаловски во 69 минута, помалку среќно топката стигна до Вукајловиќ, а овој со прецизна дијагонала зголеми на 2:0. И покрај младиот тим и серијата на замени, битолчани креираа неколку шанси до крајот на мечот. Најзрелите ги имаа Воденичаров во 71 и Мустафов во 84 минута, но во двете ситуации Бајиќ успеа да обрани. Трет пораз во предсезоната за момците на Бочевски, но многу корисен тест за сите фудбалери. В сабота следува меч со Напредок, а потоа битолчани се враќаат под Тумбе кафе, каде ќе ги комплетираат подготовките.

Нема коментара:

Постави коментар