Powered By Blogger

16. 2. 2014.

Пораз кој го оддалечува Пелистер од опстанокот

ИАКО ИГРАА ДОЛГО ВРЕМЕ РАМНОПРАВНО, ПЕЛИСТЕРЦИ ГО „ПОЛОЖИЈА ОРУЖЈЕТО„ ПРЕД ГОСТИТЕ ОД СТРУМИЦА
 
Пелистер - Струмица 85:96 (17:20, 25:27, 24:24, 19:25)

Струмица како гостин успеа да оствари триумф над Пелистер (85:96). На полувремето струмичани имаа пет поени предност (42:47), а во завршницата и дефинитивно покажаа дека се поквалитетен противник од Пелистер. Александар Мареља со 26 и Бранислав Ѓекиќ со 24 поени ја предводеа Струмица до овој триумф.
Мечот долго време беше изедначен и дури во последниот период, струмичани резултатски побегнаа до двоцифрена предност, што беше потврда за трета победа оваа сезона против Пелистер. Мечот почна со многу грешки и дури четири израмнувања во првата четвртина. Првото и предпоследно водство за момците на Печалов го донесе новајлијата Радосављевиќ (13:11). Во последните три минути од првата четвртина Џекиќ, Кук и Петровски со серија 7:2 го свртија резултатот во полза на гостите. Апцев и Радосављевиќ со пет неодговорени поени во првите три минути од втората четвртина, го вратија Пелистер во изедначена ситуација (25:25). Но струмичани беа подобри во скокот и под обрачите со поени од прв или втор напад доминираа. На крајот на втората четвртина имаа 47:42, во меч со слаби одбрани и мал број на лични грешки. Пак мотивирано пелистерци подобро го почнаа и третиот период. Вукасовиќ ги превзеде работите во свои раце, а и Анакиевски се разигра (55:54). Но битолчани немаа континуитет и од позитивна влегуваа во негативна серија. Мареља и Осман беа задолжени за нов пресврт на крајот на третата четвртина. Со серија 7:0 во последните 3-4 минути од третата четвртина, гостите во последните 10 минути влегоа со 71:66. Захариевски и Анакиевски последната четвртина ја започнаа со по два поени, но тука при 70:73, битолчани застанаа. Арсиќ беше човекот на одлука, бидејќи за кратко време постигна 8 поени и во 34 минута, Струмица поведе со 11 разлика. Секој момент Пелистер да се врати подоцна беше задоцнет. Анакиевски погоди тројка за 68:76, но Кук веднаш реплицираше со поени од табла. Џекиќ од слободни фрлања и Спасов само го потврдија триумфот на гостите, а Пелистер не разочара со играта, иако се памети резултатот. Со оглед на тоа што овој меч беше витален за опстанокот на битолчани, шансите и наредната сезона тимот на Печалов да игра во елитата, се двојно помали. Кај Пелистер Анакиевски со 25 и Вукасовиќ со 23 поени одиграа одличен натпревар, а србинот имаше и 11 асистенции. Во наредното 13 коло Пелистер му гостува на Вардар Апаве во главниот град.     

Нема коментара:

Постави коментар