Powered By Blogger

22. 2. 2014.

Новевски како „ѕид„ победа за Астра

ПОБЕДА ЗА ТИМОТ НА ИВАНОВСКИ, РЕМИ ЗА МАЈНЦ НА НОВЕВСКИ И ПОРАЗ НА МЕХЕЛЕН НА ПАЧОВСКИ
Капитенот на Мајнц 05 Николче Новевски одигра одличен натпревар и неговиот клуб одигра 0:0 на гостувањето кај осминафиналистот во Лигата на шампионите Шалке 04. По враќањето во тимот по суспензијата од пет жолти картони, Новевски диригираше со одбраната на Мајнц, која не прими гол на последните два меча.
Со овој бод екипата на 35 годишниот битолчанец се наоѓа на 9 место во Бундеслигата со 34 бода. Во првото пролетно коло од романското фудбалско првенство Астра Плоешти на Мирко Ивановски славеше против Корона Брашов со 3:0 со головите на Пап, Вилијам и Мател. Македонскиот интернационалец не настапи, останувајќи на клупата. Мехелен за кого настапи Александар Трајковски, а Томе Пачовски беше резерва, прокоцка 0:2 и загуби од Серкл Бриж со 3:2 во 27 коло од белгиската Џупилер Про лига. Со головите на Кордаро и Де Вите од пенал, жолто-црвените поведоа со 0:2, но домаќините се вратија по црвениот картон на Гомси. Кабананга, Бујл и Наудтс од 87 до 93 минута постигнаа три гола за сензационална победа на Серкл Бриж. По овој пораз Мехелен останува на 13 место со 28 бода.   

Нема коментара:

Постави коментар