Powered By Blogger

9. 2. 2014.

Од вторник во „Белведере„ в четврток против Шкупи

ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ПЕЛИСТЕР СВОЈА БАЗА ЌЕ СТАЦИОНИРА ВО ОХРИД, КАДЕ ЌЕ ЈА МИНЕ ГЛАВНАТА ФАЗА НА ПОДГОТОВКИ 
Победите против Ренова и Јавор во вториот контролен меч и начинот како се стигна до нив, алудираат дека Пелистер е на вистински пат и ја темпира формата за фудбалската пролет. Полека се враќаат сите недоволно опоравени фудбалери, па од наредната недела се очекува и Христијан Драгарски и Благојче Главевски да добијат свои минути. Од вторник зелените ќе бидат во Охрид, во хотелот „Белведере„ каде ќе ги минат 12 дневните подготовки, од кои во многу нешта ќе зависи каков Пелистер ќе гледаме на пролет.
Избраниците на Драган Бочевски ќе реализираат близу 15 тренинзи и ќе одиграат 4-5 теста во наредните една и пол недела. Првиот ривал е второлигашот со нагласени амбиции Шкупи, со кого Пелистер ќе игра во четврток на стадионот „Атина Бојаџи„ Деновиве ќе се знае кои ќе бидат наредните спаринг партнери на битолскиот прволигаш. По враќањето од Охрид, каде предвидени се поволни временски услови во наредниот период, Пелистер ќе одигра уште еден домашен меч пред првиот меч за бодови со Работнички на 2 март на националната арената „Филип втори„ во Скопје.   

Нема коментара:

Постави коментар