Powered By Blogger

21. 2. 2014.

Почнува пролетта на Мирко Ивановски

НАПАЃАЧОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА МНОГУ ОЧЕКУВА ОД ВТОРАТА ПОЛУСЕЗОНА ВО РОМАНИЈА
Денес со домашниот меч против екипата на Корона Брашов, македонскиот репрезентативец напаѓач Мирко Ивановски и неговата екипа Астра Гиургиу ја започнуваат романската фудбалска пролет од која многу очекуваат.
Астра и Ивановски имаа одлични подготовки во Шпанија и контролните мечеви потврдија дека Ивановски е во одлична форма. Малку недостигаше сега да игра мечеви за бодови во шпанската лига, но сега целта со Астра е да ја избори Европа втора сезона по ред. Со 42 бода оваа екипа од малото место Плоешти полусезоната ја заврши на второто место, со три бода помалку од лидерот Стеауа, која се искачи на врвот откако ги доби двата заостанати натпревари во последните 7-8 дена. 24 годишниот битолчанец најавува дека ова ќе биде негова пролет и дека ќе ја потврди својата одлична форма демонстрирана оваа зима. Неколку меча во континуитет можат да му бидат доволни да покаже што знае.  

Нема коментара:

Постави коментар