Powered By Blogger

25. 2. 2014.

Китановски најпопуларен во Сабадељ

НЕОБИЧНО НО ВРЕДНО ПРИЗНАНИЕ ЗА НЕКОГАШНОТО НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР ДОАЃА ОД КАТАЛОНИЈА
Легендарниот напаѓач на Пелистер, а подоцна и тренер и спортски директор на битолскиот прволигаш, Благоја Китановски доби значајно и невообичаено признание од неговиот некогашен клув Сабадељ од Шпанија.
Имено овој клуб од Каталонија не го заборави битолчанецот и неговата една и пол сезона во Првата шпанска лига во периодот од 1987 до 1989 година. Китановски беше изненаден откако навивачите на Сабадељ го прогласија за најпопуларен странец во историјата на овој мал клуб, кој најчесто играл во шпанската втора или трета лига, но во 1987 година го купи Китановски од нишки Раднички за елитната шпанска дивизија. Корпулентниот напаѓач одигра 21 натпревар и постигна 4 гола за каталонските сини. Дури и настапуваше и погодуваше против големите шпански екипи, а беше стрелец и на легендарниот „Ноу Камп„ Китановски заедно со Мирко Петров кој потпиша за Бургос беа првите македонци кои играле во Шпанија, а подоцна во оваа група се приклучија и Канатларовски, Стојковски, Најдовски, Бобан Бабунски, Станиќ и сега Давид Бабунски. Инаку Китановски покрај за Пелистер и Сабадељ, настапуваше и за Раднички од Ниш и за Војводина. По завршувањето на кариерата беше тренер на Пелистер, Тиквеш, Слога Југомагнат, Милано и младинската репрезентација на Македонија. Китановски бил директно контактиран од локална телевизија од Сабадељ и видно изненаден од наградата. Денес Сабадељ е на 19 место во шпанската втора лига. 

Нема коментара:

Постави коментар