Powered By Blogger

22. 2. 2014.

„Сефте„ за Ристевски во Славија

ОДЛИЧЕН НАТПРЕВАР, ГОЛ И РЕМИ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ЛЕВСКИ ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ КИРЕ РИСТЕВСКИ
Денес со мечевите од првото пролетно коло продолжи фудбалскиот шампионат на Бугарија. На своето деби во официјален меч за новата екипа, битолчанецот Кирче Ристевски постигна гол и неговата Славија извлече бод од гостувањето кај славниот Левски. Во тврд натпревар гостите два пати водеа и само 10 минути ги делеа од подвиг, но не издржаа.
Со голот на Атанас Курдов, црно-белите поведоа уште во 10 минута. Димитар Макриев во 69 минута израмни на 1:1, но Ристевски во 74 минута со глава ефектно ја погоди домашната мрежа за 1:2. Шест минути подоцна убав гол од слободен удар постигна Пламен Крумов и „плавите „спасија бод на нивниот „Ѓорѓи Аспарухов„ стадионот во Софија. Одличен натпревар, првенец во новиот дрес и најави за повик во репрезентацијата на Македонија за дефанзивецот кој потекнува од школата на Пелистер. Утре Стефан Спировски и неговиот Берое му гостуваат на Литекс во Ловеч.

Нема коментара:

Постави коментар