Powered By Blogger

26. 2. 2014.

Пелистер нема победа, но има МВП на колото

ПОВРАТНИКОТ ВО ЕКИПАТА НА ПЕЛИСТЕР, НАЈКОРИСЕН ИГРАЧ ВО ТРЕТОТО ПРОЛЕТНО КОЛО
И покрај високиот пораз на неговиот тим од Работнички, центарот на битолчани, Мико Голубовиќ, со 32 поени и 6 скокови е статистички најкорисниот кошаркар во 14 коло во Првата лига. Во најдобрата петорка на колото место има и за неговиот соиграч Никола Вукасовиќ, за Александар Мареља од Струмица, како и за Красиќ и Икониќ од Работнички.
Пелистер и по 13 одиграни натпревари остана без победа во Првата лига, сепак, според прикажаното на новото засилување Мико Голубовиќ во неговото деби, битолчани ќе се надеваат на подобри резултати во иднина во борбата за опстанок во лигата. Голубовиќ во натпреварот кој Пелистер го загуби со 107:72, одигра 34:30 минути, за кои постигна 32 поени со 6 скокови од кои 5 офанзивни. Реализираше со високи 69 проценти од поле, а погоди и седум од осумте изведени слободни фрлања. За овој настап, поранешниот кошаркар на Кожув и Куманово, заработи 36 МВП индекс поени, најмногу во 14 коло во Првата лига. Покрај за Голубовиќ, место во најдобрата петорка на колото има и за Бариша Красиќ (31 МВП индекс), како и за Мареља, Икониќ и Вукасовиќ кои остварија идентични 29 МВП индекс поени. Во вкупната статистика во сезоната, Александар Мареља од Струмица го превзема првото место според статистичкиот индивидуален учинок со 23,7 МВП индекс поени во просек по натпревар, пред досегашниот лидер, Душан Кнежевиќ кој има 23,5. Меѓу најдобрите пет се и Бјелиќ, Мандиќ и Соколов.

Нема коментара:

Постави коментар