Powered By Blogger

23. 2. 2014.

Наредната недела два теста против Радовиш

НАРЕДНАТА НЕДЕЛА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ИГРААТ ДВА ПАТИ ПРОТИВ РАДОВИШ
Неодигрувањето на вториот контролен меч против Пролет ги поремети плановите на ракометарите на Пелистер, кои наредната недела можно е да играат три натпревари. Покрај предвиденото гостување во Битола на Пролет (најверојатно во среда) избраниците на Томче Петрески ќе играат и два пати против Радовиш.
Веќе се договорени двата меча кои ќе се одиграат во вторник од 18:30 во Радовиш и наредниот петок во истиот термин во спортската сала „Младост„ Ова ќе бидат последните три пријателски меча за битолчани, кои подоцна ќе го подготвуваат веројатно најбитниот меч во ракометната пролет, против Металург Јуниор на гости на 7 фебруари.  

Нема коментара:

Постави коментар