Powered By Blogger

5. 2. 2014.

Зомимак претстави уште двајца битолчани

СКОРО ЦЕЛИОТ РОСТЕР НА ЗОМИМАК, СОСТАВЕН ОД БИВШИ РАКОМЕТАРИ НА ПЕЛИСТЕР
Ракометниот клуб Зомимак-М ги претстави новите засилувања кои треба да му помогнат на клубот да се претстави во што подобро издание во полусезоната што следува. На прес конференцијата тренерот новите засилувања Лазар Спировски и Александар Босеовски изјавија: „Го избрав овој клуб бидејќи мислам дека има големи амбиции, како во македонската лига така и во Европа и секој ден оди се понагоре и понагоре. Моментално работиме на мојата форма и јас се надевам дека ќе бидам голем плус за клубот. За две-три недели би требало да ја добијам старата форма во која бев порано“, рече Лазар Спировски:
„Чест ми е што ќе бидам дел од овој професионален клуб и што ќе имам можност да ја претставувам Струмица. Оваа е голема шанса за мене што ќе можам да се докажам и се надевам дека со сите останати играчи и засилувања ќе направиме многу во македонските и европските натпреварувања“, вели Александар Босеовски.

Нема коментара:

Постави коментар