Powered By Blogger

23. 2. 2014.

Китановски спремен за враќање на Крајова во елитата

БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР БЕЗ ПРОБЛЕМИ СЕ АКЛИМАТИЗИРА ВО НОВАТА СРЕДИНА ВО РОМАНИЈА
Младиот репрезентативец на Македонија во селекцијата до 21 година на Бобан Бабунски, Томе Китановски одлично се вклопи во новата средина, во романската Универзитатеа од Крајова. Младиот битолчанец мина повеќе од еден месец во новиот клуб, одигра серија на контролни мечеви и наскоро на 1 март започнува вториот дел од романската втора лига.
Овој викенд екипата од Крајова го освои турнирот на кој учествуваа уште српската Слога Петровац и бугарскиот Дунав Русе. Во клучниот меч Универзитатеа Крајова го совлада српскиот тим со 3:0, а Китановски одигра дел од мечот на позицијата десен бек. Екипата на Станга е лидер по првите 14 кола со 28 бода и на 1 март од 17 часот на домашен терен на стадионот „Јон Облеменко„ го очекуваат тимот на Муреш.    

Нема коментара:

Постави коментар