Powered By Blogger

10. 2. 2014.

Започна „санацијата на штетата„ во КК Пелистер

ПО ЕГЗОДУСОТ„ НА КОШАРКАРИ И ПРОБЛЕМИТЕ, НАЈАВА ЗА ПОДОБРИ ДЕНОВИ ВО БИТОЛСКИОТ КОШАРКАРСКИ КЛУБ
Дали има спас и опстанок за битолскиот кошаркарскиот колектив? Тоа е прашањето кое денес поинтензивно си го поставуваат љубителите на кралицата на игрите во Битола. Последните информации се дека општина Битола префрли на сметката на клубот финансиска помош, со која управниот одбор ќе се обиде да ја „закрпи„ ситуацијата и да се обиде на екипата да му понуди подобри услови за натпреварување во борбата за опстанок.
Иако е како „невозможна мисија„ да се остане во најсилната лига, момците на Печалов ќе се обидат скапо да ја продадат кожата и до последните атоми од силата, ќе се борат на секој меч. Не е лесно сега да се пронајдат кошаркари кои ќе го подигнат нивото и ќе го направат клубот конкурентен, но зелените не се предаваат. Не им оди во прилог тоа што во првите две кола од пролетниот дел од шампионатот играат со директните конкуренти Струмица и Вардар. Токму од овие мечеви многу нешта зависат, дали Пелистер ќе има шанси да остане прволигаш или не. 

Нема коментара:

Постави коментар