Powered By Blogger

4. 2. 2014.

Ристевски и Славија блескаат во Анталија

ОДЛИЧНИ ПРВИ 30 ДЕНА ВО НОВИОТ КЛУБ ЗА ДЕФАНЗИВЕЦОТ КИРЕ РИСТЕВСКИ
Бившиот дефанзивец на Пелистер и на албанскиот Балиш, Кире Ристевски мина еден месец во својот нов клуб софиска Славија, а веќе остава сериозна трага. Имено во подготвителниот период битолчанецот блеска на позицијата централен дефанзивец, а и неговата екипа реди победи во подготовките.
Така во два пријателски натпревар, Славија два пати славеше победи, а Ристевски заработи високи оценки во бугарските весници и на специјализираните веб портали. Црно-белите од Софија славеа со 2:0 против Политехника од Темишвар,а Ристевски го одигра целиот натпревар. Слично беше и против Иртиш Павлодар, каде Славија победи со 1:0. Во Турција каде Славија Софија се наоѓа на подготовки, ќе игра уште неколку контролни натпревари, а ако продолжи во овој стил Ристевски многу веројатно ќе се најде на списокот на Бошко Ѓуровски на мечот со Летонија на 5 март.  

Нема коментара:

Постави коментар