Powered By Blogger

23. 2. 2014.

Успешна генералката со Напредок за битолчани

ПЕТТА ПОБЕДА ВО ОСМИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ОВАА ЗИМА
Пелистер - Напредок 2:1 (1:0)

Стадион „Атина Бојаџи„ - Охрид. Гледачи: 300

Главен судија: Благојче Ралевски (Битола)
Стрелец: Љубенов во 16 и Мустафов во 70 минута за Пелистер, а Стојковски во 77 минута за Напредок
Жолти и црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Драгарски, Ковачев, Миленковски, Христов, Анастасов, Мојсов, Елмазовски, Љубенов, Воденичаров
Уште играа:
Петковски, Х. Атанасовски, Динчев, Магловски, Ристевски, Мустафов, Мирчевски, Милевски, Марковски, Кузманов
Генералната проба за стартот на фудбалската пролет на точно една недела до мечот со Работнички, битолчани ја имаа на нивниот последен ден од подготовките во Охрид против Напредок од Кичево. Драган Бочевски против неговата бивша екипа го ивади тимот кој најверојатно ќе се обиде за седум дена да му се реваншира на Работнички за елиминацијата во полуфиналето од националниот Куп. Мечот почна со испитување на силите и јалова надмоќност на битолскиот прволигаш. Се играше 16 минута кога бугарскиот интернационалец Љубенов извонредно изведе слободен удар и ефектно ја погоди мрежата на кичевчани. Претходно на сличен начин од голема дистанца овој фудбалер погоди на средбата со Хоризонт Турново на Кукуш во ноември минатата година. 
Во продолжението од првиот дел Напредок се опорави од лошиот старт и создаде неколку полушанси, но ништо што може да го поремети Пашовски. Во вториот дел двата тренери направија неколку замени и играта падна на едно послабо ниво на ритамот и интензитетот. Во 70 минута пое дна мешаница пред голот на Напредок најдобро се снајде Бурхан Мустафов и од неколку метри ја втурна топката во небранетата мрежа. Реакцијата на последно пласираната екипа на прволигашката табела беше евро-голот на Стојковски кој од дистанца погоди извонредно и успеа да ги намали водството на битолчани. До крајот Пелистер го приведе мечот кон крај и со победа и оптимист ја чека фудбалската пролет.


Нема коментара:

Постави коментар