Powered By Blogger

25. 2. 2014.

Лесно и убедливо совладaн скромниот Радовиш

СО 15 ГОЛОВИ РАЗЛИКА, РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ГО ДОБИЈА КОНТРОЛНИОТ МЕЧ СО РАДОВИШ
Пелистер - Радовиш 31:16 (13:10)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 300

Пелистер:
Божиновски (12 одбрани), Вакаруз (9 одбрани), Илиевски 4, Јуравлеов 6, Георгиевски 1, Кузмановски 2, Дрогришки 1, Бесараб 1, Чурлевски, Ракочевиќ, Вешовски 3, Блажевски 3, Димитровски 4, Јанев 3, Филиќ 3, Талевски 
Ракометарите на Пелистер ја забележаа најубедливата победа во подготвителниот период откако со високи 15 разлика го совладаа тимот на Радовиш, екипа од која загубија на гости во ноември во меч за бодови. Но разликата во квалитет беше така евидентно, што посебно во вториот дел излезе на површина. За два меча во два дена, Петрески шанса планира да им даде на сите негови ракометари. Битолчани започнаа предвидливо и долго време се играше израмнето на почетокот. Во финишот на првиот дел Јуравлеов и Илиевски зголемија на највисоки +5, а на одмор се отиде со 13:10 со голот на Васко Димитровски. Во вториот дел играта во одбрана битолчани ја искористија за лесни голови од полуконтра и контра. Менде Божиновски собра 12 интервенции, а пред се пивотмените и крилата реализираа. Овој период екипата на Пелистер го доби со убедливи 18:6 и на крај стигна до убедлива победа. Добар меч одиграа и младите Дрогришки и Кузмановски, како и Вешовски и Блажевски. Не беше најсилен тест, но сепак добија уште 60 минути во нозете на младите пелистерци, кои утре од 18 часот ќе играат со Пролет во нешто посилен контролен натпревар.


Нема коментара:

Постави коментар