Powered By Blogger

8. 2. 2014.

Спировски најактивен во ремито на Берое со Шкендија

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОДЛИЧЕН ВО ДУЕЛОТ СО ТЕТОВСКА ШКЕНДИЈА ВО КОЈ НЕМАШЕ ПОБЕДНИК
Берое - Шкендија 0:0

Во еден од многубројните тест мечеви во турска Анталија, битолчанецот Стефан Спировски беше еден од најпозитивните во ремито без голови на бугарскиот Берое Стара Загора и засилениот македонски прволигаш Шкендија од Тетово, за која во дел од мечот настапи и бившиот напаѓач на Пелистер, бразилецот Стенио Маркос де Фонсека Салазар Жуниор.
По двете победи во Охрид над Врапчиште и Зајази, избраниците на тренерот Шпетим Дуро одиграа реми против бугарскиот тим. Кај ривалот на Шкендија настапи и македонскиот интернационалец Стефан Спировски кој настапи до 52 минута, а подоцна беше заменет од Станислав Костов
На почетокот теренската иницијатива ја имаа Бугарите, Спировски двапати се обиде да го загрози голот на Шкендија, но на висина на задачата беше Велии. Во 19 минута првата прилика за македонскиот претставник ја имаше Демир Имери, но противничкиот чувар на мрежата Караџов немаше никаков проблем. Во 52 минута нова шанса имаше Шкендија, откако со глава се обиде Жуниор, но неговиот удар не беше прецизен. “Црвено-црните“ беа поактивни во нападот, но и на спротивната страна се имаше можност за погодок. 

Нема коментара:

Постави коментар