Powered By Blogger

18. 2. 2014.

Најмладите пелистерци утре против Вулкан

ЗА МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ ДА ИМААТ ПОВЕЌЕ МИНУТИ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ, ПЕЛИСТЕР УТРЕ ЌЕ ИГРА ТЕСТ СО ТРЕТОЛИГАШОТ ОД КОСЕЛ
Стручниот штаб на Пелистер одлучи утре од 14 часот на стадионот „Атина Бојаџи„ во Охрид комбиниран тим на фудбалери кои играат помалку и младинци да одиграат контролен меч со третолигашот Вулкан од Косел. Тоа ќе биде убава можност Бочевски да ги види Мирчевски, Кузманов, Трајковски, Мустафов, Атанасовски, Апостоловски и останатите „бисери„ на прославената школа на Пелистер.
За разлика од претходните мечеви се очекува одличен терен и вистинско пролетно сончево попладне во нашиот најтуристички центар. В сабота од 14 часот Пелистер ќе игра со Напредок за кого настапуваа неколку бивши пелистерци (Менде и Кире Степановски и Дуков) и потоа зелената експедиција по 12 дена минати во Охрид се враќа во Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар