Powered By Blogger

11. 2. 2014.

В петок возвратен дуел: Охрид - Пелистер

ВТОРИОТ КОНТРОЛЕН МЕЧ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПАК ПРОТИВ ОХРИД, ОВОЈ ПАТ ВО СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „БИЉАНИНИ ИЗВОРИ„
По победата над Охрид од 30:24 минатата недела во спортската сала „Младост„ во Битола, битолски Пелистер на Томче Петрески веќе в петок ќе го возврати гостувањето кај суперлигашот од најпознатиот македонски туристички центар. Екипата на Андоноски ќе биде домаќин во мечот кој ќе започне во 19:30 часот.
Тоа ќе биде ново доближување на пелистерци до максималната воиграност, со оглед на тоа што екипата сега ќе биде комплетна и ќе настапат засилувањата од Украина и Молдавија. Охриѓани ден претходно ќе играат со Преспа, така да стручниот штаб на Охрид ќе ги ротира силите во двата меча во интервал од 48 часа. 

Нема коментара:

Постави коментар