Powered By Blogger

12. 2. 2014.

Гачевски ја одби Ријека, за да остане во Капфенберг

БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ НАСТАПУВА ВО АВСТРИЈА НЕ ГО МЕНУВА КЛУБОТ СЕ ДО ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК
Младиот 23 годишен голман Филип Гачевски, ќе го брани голот на австриски Капфенберг се до крајот на сезоната во австриската Бундеслига. Имено во штотуку завршениот преоден рок, младиот чувар мрежата кој потекнува од Битола, а роден е во Мурска Собота, имаше две прималиви понуди. Го бараа и српска Војводина, а инсистираше и хрватскиот претставник во групната фаза на Лига Европа, Ријека.
И турски прволигаши се распрашуваа за нашиот интенационалец. Но со оглед на тоа што сеуште има договор кој го врзува со Капфенберг, најмалку до лето ќе остане во овој клуб. Гачевски има 11 настапи за младинската репрезентација на Македонија, а последен пат Бабунски го повика за мечот со Данска на 5 јуни 2012 година. Вредноста на Гачевски на специјализираниот веб сајт за трансфери „трансфермаркет„ изнесува 100.000 евра. 

Нема коментара:

Постави коментар