17.02.2014.

Економопулос победник на билијард турнирот во Прилеп

ПЕТТИОТ БИЛИЈАРД ИГРАЧ ВО СВЕТОТ, ПОБЕДНИК НА СИЛНИОТ ТУРНИР КОЈ ЗАВРШИ ВО ПРИЛЕП
Заврши меѓународниот турнир во билијард „Insomnia open 2014“ во Прилеп. Во натпревари напнати од амбиција, и игра која единствено може да се гледа на телевизија, присутната публика имаше прилика да ужива во секоа секунда од високопрофесионалната игра на играчи од светски калибар во прилепскиот билијард клуб INSOMNIA.
После три долги дена ко тинуирана игра, вечерва од финалниот меч помеѓу две светски билијард имиња Шандор Тот и Никос Економопулос, турнирот го доби својот освојувач. Гркот Никос Економопулос, кој моментално е шести играч на светските билијард листи, го победи србинот Шандор Тот двократниот европски првак, и го освои пехарот на овој прилепски турнир. Организаторот задоволен што му се исполнил долгогодишниот сон, да ги собере овие имиња во својот клуб, а со тоа и да ја промовира оваа игра во Македонија, како и да придонесе за промоцијата на својот град, најави дека според искуството од овогодинешниот турнир, сигурно овој натпревар ќе добие свое продолжение и в година. На овој турнир беа присутни натпреварувачи од Австрија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Словенија, Грција, Косово и Албанија.


ФОТО: 10bez10.com

Нема коментара:

Постави коментар