25.02.2014.

Македонците ги собраа крос-кантри медалите во Грција

АКО НЕ МОЖАТ НА ОЛИМПИЈАДАТА, МАКЕДОНСКИТЕ НОРДИЈЦИ ДОМИНИРААТ НА БАЛКАНОТ
Напоредно со завршницата на Зимските олимписки игри во Сочи, дел од македонските нордијци учествуваа на Балканскиот куп во Грција, каде освоија 4 медали од можните 6. Во спринтот на 1,5 километри, победник беше гркот Клеантис Караманлис, пред крушевчанецот Ѓоко Ицоски, а трет беше Тони Станоески.
Наредниот ден на 15 километри масивен старт, Ицоски го загуби златото само за 4 стотинки од гркот Димитриос Кириазис, а трет повторно беше Станоевски. Нашите крос-кантри натпреварувачи беа претставени под уставното име, што до сега не се случило на некој спортски настан во Грција.  

Нема коментара:

Постави коментар