Powered By Blogger

6. 2. 2014.

Битолчани ги „лапнаа„ мотокрос титулите

КАКО И МИНАТАТА ГОДИНА, МОТОКРОСИСТИТЕ ОД БИТОЛА ЈА НАПОЛНИЈА ВИТРИНАТА СО ТРОФЕИ
Ако има инвидуален спорт во кој битолчани доминираат, тоа дефинитивно е мотокросот.На последната седница на Федерацијата за мото спорт беа верификувани шампионските титули на тројцата битолски мотокросисти. Од Мото-клубот ЛТД спортс за шампиони се прогласени Борче Костов во класата МХ3, во мото-крос и ендуро конкуренција и Никола Гулевски во класата МХ2, исто така во двете конкуренции.
Од мото-клубот Мото-старс Христијан Станковиќ е шампион на македонија во младинска категорија во класата МХ-85. Оваа победа на Станковиќ потврдува дека Битола е расадник на млади таленти и дека тој е наследникот на Жолтио, Кико, Паното и останати славни битолски имиња на овој спорт. Свеченото доделување на признанијата и златните кациги на Костов и Гулевски ќе биде закажано дополнително во Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар