Powered By Blogger

3. 2. 2014.

Новаци прва „жртва„ на момците на Бочевски

ПРВА ПОБЕДА ПО ДВА ПОРАЗИ ВО ПОДГОТВНИТЕЛНИОТ ПЕРИОД ЗА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Новаци - Пелистер 0:3 (0:1)

Стадион во Новаци. Гледачи: 100
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Никола Дрновски и Никола Дацовски (сите од Битола)
Стрелци: Миленковски во 17, Трајковски во 51 и Мустафов во 78 минута за Пелистер
Жолти и црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Ковачев, Т. Магловски, Миленковски, Мојсов, Анастасов, Христов, Мирчевски, Елмазовски, Воденичаров
Уште играа: Атанасовски, Мустафов, Милевски, Дуков, Котески, Динчев, Трајковски, Љубенов, Ристевски

                Во третиот контролен натпревар во периодот пред пролетниот дел од шампионатот на Македонија, Пелистер ја забележа првата победа. Имено осум дена по предвидениот термин за тест мечот во Новаци, зелените му гостуваа на второлигашот и го совладаа со 3:0, играјќи по студено време и тежок терен. Практично сите три контролни меча, момците на Бочевски ги одиграа без тренинзи со топка и тешки по физичките тренинзи. Левиот бек Филип Миленковски од втор план се придодаде и го отвори резултатот по 17 минути игра. Прволигашот имаше многу шанси и за втор гол, но дури во вториот дел ја валоризираше својата надмоќ и „наплати„ за промашувањата со Јавор и Победа. Дарко Милевски убаво спушти до Јове Трајковски, а овој ја втурна топката во небранетата мрежа за 2:0 во почетната фаза од продолжението. Финалните 3:0 ги постави Бурхан Мустафов, кој слично како и Трајковски при вториот гол само ја втурна топката по убавата колективна акција. Превентивно не настапија Христијан Драгарски, Благојче Главевски и Благојче Марковски. В четврток во Охрид, зелените играат четврт пријателски меч со прволигашот Ренова од Џебчиште. 

Нема коментара:

Постави коментар