Powered By Blogger

5. 2. 2014.

Мизеријата на КК Пелистер го допре дното!

КК ПЕЛИСТЕР НЕМА ПЕТОРКА ЗА НАТПРЕВАР ОВАА ПРОЛЕТ
Да бидеме реални, со години кошаркарскиот спорт влече проблеми од финансиски и организационен карактер. Од заминувањето  на Марио Трифуновски и спонзорот Свислион, Пелистер има само една цел - како клубот да не пропадне, па ако е возможно и да обезбеди опстанок. Но тоа со години мора да го прави врз база на ентузијазам, без редовни плати, скоро секогаш со домашни кошаркари.
И ако сегашната и претходните управи максимално се обидувале да врзат крај со крај, овој пат се чини спас нема. На две недели до почетокот на вториот дел од шампионатот, Пелистер не знае дали и како ќе го игра вториот дел од шампионатот. Имено деновите бродот кој што тоне го напуштија сите и Пелистер кој знае дали ќе пронајде петорка да игра на официјалните мечеви. Дури и легендарниот капитен Зоран Петковски не настапува за клубот, заминаа српските интернационалци кои играа за време на есента и тоа откако самите си платија сертификат само за да одржуваат форма. Остана само Никола Вукасовиќ, кој заедно со Ѓорѓи Анакиевски и Даниел Захариевски сеуште тренираат бидејќи го сакаат овој спорт и ништо повеќе. Но ако поразот од 50 разлика во Куп мечот со Фени Индустри и само 33 постигнати поени во Кавадарци служеа само за потсмев, работата сега е повеќе мизерна отколку смешна. На Пелистер не му гине одпаѓање, а можно е и тоа да дојде на зелена маса, бидејќи ако првенството почнува овој викенд, Пелистер нема петорка за натпревар. Верувале или не, во 2014 година и тоа е можно...  

Нема коментара:

Постави коментар