Powered By Blogger

13. 2. 2014.

Калта ги „победи„ и Пелистер и Шкупи

ТЕШКИОТ ТЕРЕН НЕ ДОЗВОЛИ ПОДОБАР ФУДБАЛ ВО ТЕСТ МЕЧОТ НА ПЕЛИСТЕР СО СКУПИ
Пелистер - Шкупи 0:0

Стадион „Атина Бојаџи„ - Охрид. Гледачи: 100
Глевен судија: Никола Магловски (Битола)
Стрелци: нема
Жолти и црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Динчев, Магловски, Ковачев, Миленковски, Христов, Ристевски, Љубенов, Љамчевски, Елмазовски, Воденичаров
Уште играа: 
Апостоловски, Брдаровски, Атанасовски, Петковски, Мојсов, Анастасов, Мустафов, Трајковски, Марковски, Милевски, Главевски

    Пелистер подобро се снајде по тешкиот терен и создаде три големи шанси во првиот дел. Уште на почетокот, Петар Љамчевски изби сам пред голманот на Шкупи, но шутираше над голот. Во 12 минута Љубенов со атрактивен удар со ножички се закани, но неговиот централен удар исто така не го загрози скопскиот голман. Пред крајот на првиот дел и Воденичаров се обиде со шут по калливиот терен, но топката немаше потребна брзина за да заврши во мрежата. Во вториот дел следеа серија на замени и бројот на зрели шанси драстично опадна. Но пак битолчани беа поактивни. Дарко Милевски убаво биеше во 64 минута, но му недостигаше малку  прецизност и среќа. Во самата завршница по акцијата на Јове Трајковски, чиста шанса имаше и Ѓорѓи Мојсов, но не упати корисен удар. Шкупи се претстави како цврст и добро организиран противник. Позитивно за битолчани е што одиграа уште еден корисен тест, што Ристевски за прв пат почна еден меч од првата минута по долгата пауза и што полека се враќа во натпреварувачки ритам. Исто така по тешкиот терен 15 минути настапи и Благојче Главевски, кој се повреди во летните подготовки и мораше да се оперира од лигаментите на десното колено. Сеуште не е опоравен Христијан Драгарски, а младиот Мартин Мирчевски настапи за селекцијата на Македонија под 19 години, која во Струга ја совлада Албанија во пријателски меч со 1:0. В недела исто така во Охрид, Пелистер го игра шестиот контролен меч против српската екипа Борац Чачак.

Нема коментара:

Постави коментар