Powered By Blogger

14. 2. 2014.

Втор пат пелистерци подобри од Охрид

ВТОРА ПОБЕДА ВО СЕДУМ ДЕНА НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ ОХРИД ВО ПОДГОТВИТЕЛНИОТ ПЕРИОД 
Охрид - Пелистер 28:29 (13:14)
Спортска сала „Биљанини извори„ - Охрид. Гледачи: 600

Охрид:
Пецаков, Анѓелкоски, Томовски 2, Андоновски 4, Бојан Белевски 2, Мирков, Николоски 3, Трифуноски 3, Тасески, Китевски 3, Соколов, Крстески 3, Костески4, Валентино Белевски 4, Димитриоски

Пелистер:
Божиновски, Вакаруз, Иливски 3, Јуравлеов 5, Георгиевски 1, Кузмановски 1, Дрогришки 4, Десарап 1, Чурлевски 1, Ракочевиќ 1, Вешовски 5, Блажевски 4, Димитровски 1, Јанев 1, Силиќ 

Втор меч и втора победа на ракометарите на Пелистер во контролните средби со Охрид во предсезоната. По +6 во Битола, вечерва во спортската сала „Биљанини извори„ во Охрид, момците на Томче Петрески славеа со еден гол разлика . За разлика од пред една недела, битолчани сега беа скоро комплетни со враќањето на ракометарите од Украина и Молдавија и се чека само французинот Крис Нкунгуа. Тренерот на пелистерци сепак мечот го почна само со македонски ракометари, со Божиновск на голот, Филип Чурлевски како организатор и Дарко Јанев на линијата од шест метри. Така целиот прв дел беше израмнет, со дури седум резултатски издначувања. Ниту една од екипите во овој период не отиде на +4. На крилата на 600-700 гледачи, охриѓани подобро отворија и преку Китески и Валентин Белески имаа водства од 4:2 и 5:3. Но подоцна Вешовски, Јанев и Илиевски направија мини-пресврт и од 21 минута, па се до полувремето зелените водеа со 1-2 гола разлика. Во вториот дел битолчани успеаја да ја задржат предноста, а шанса за докажување добија сите играчи од двете екипи. Во играта влегоа петте странски засилувања и помеѓу 35 и 45 минута, предноста порасна до +4. Вешовски погоди над зоната, одлично разигруваше и Јуравлеов и на половина од второто полувреме, битолчани побегнаа на 18:22. Иако охридскиот состав даде се од себе и се врати на два пати до -1, украинецот Јуравлеов и Дрогришки ги решија дилемите околу победникот. Добар контролен меч и уште 60 корисни минути во нозете за момците на Томче Петрески. Пред наредните два меча со Пролет наредната недела, Пелистер ќе биде комплетен и со Нкунгуа на голот и со опоравувањето на Славиша Димитриевски.  

Нема коментара:

Постави коментар