Powered By Blogger

13. 2. 2014.

ФОТО: Битолчани ги има и во Анталија

СЕКАДЕ ПРИСУТНИ БИТОЛСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА СЛУЧАЈНА СРЕДБА ВО ТУРСКИОТ ГРАД АНТАЛИЈА
Голем број македонски клубови се подготвуваат во Анталија и играат тест натпревари на нешто повеќе од половина месец до стартот на пролетниот дел од шампионатот. Но не само македонските клубови, туку и клубови од соседството, од Србија, Б и Х, Бугарија и Романија имаат иста програма, со оглед на тоа што во овие национални првенства има зимска пауза.
Така на исто место, во соседни хотели слободното време го користат битолските фудбалери кои настапуваат ширум Македонија и Европа. Борче Маневски од Работнички, Кире Ристевски од бугарската Славија од Софија и Стефан Спировски од Берое, другаруваат во тоа малку слободно време кое им преостанува меѓу натпреварите и тренинзите. Скоро сите ќе останат уште неколку дена во Турција, а потоа сите назад во своите бази и следуваат мечеви за првенствени бодови. Мирко Ивановски со Астра Плоешти ги заврши подготовките во Шпанија и се наоѓа на 10 дена до продолжувањето на романското првенство. 

Нема коментара:

Постави коментар