Powered By Blogger

20. 2. 2014.

Фестивал од голови за пелистерци

УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ НЕУБЕДЛИВИОТ ТРЕТОЛИГАШ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ОХРИД
Пелистер - Вулкан 5:0 (4:0)

Стадион „Атина Бојаџи„ - Охрид. Гледачи: 200
Стрелци: Марковски во 9, Динчев во 21, Милевски во 29, Ристевски во 33 и Воденичаров во 56 минута за Пелистер
Жолти и црвени картони: нема

Пелистер:
Апостоловски, Динчев, Драгарски, Х. танасовски, Петковски, Христов, Ристевски, Анастасов, Љубенов, Марковски, Милевски
Уште играа:
Д. Атанасовски, Брдаровски, Елмазовски, Воденичаров, Трајковски

                Во најлесниот контролен натпревар во подготвителниот период, фудбалерите на Пелистер до врв ја наполнија мрежата на третолигашот Вулкан. Иако играа со комбиниран тим момците на Драган Бочевски беа мотивирани и уште од стартот ја наметнаа својата игра и брзо го скршија отпорот. Во интервал од 20 минути пелистерци постигнаа четири гола и имаа уште 4-5 зрели шанси за гол. Напаѓачите Марковски и Милевски постигнаа важни голови за нивната самодоверба, а својот првенец во новиот дрес го постигна и бугарскиот интернационалец Динчев. Следуваше второ полувреме полно со замени и со опаѓање на ритамот. Во овој период битолчани стигнаа да постигнат и петти гол, овој пат преку бугаринот Димитар Воденичаров во почетната фаза од второто полувреме. Заради настап во репрезентацијата под 19 години, за екипата на Пелистер не настапија младите Мартин Кузманов и Мартин Мирчевски. В сабота битолчани играат против Напредок и веднаш потоа се враќаат од 12 дневните подготовки во Охрид.   

Нема коментара:

Постави коментар