Powered By Blogger

30. 1. 2014.

Јавор поумешен на тешкиот терен во Охрид

ВО ПРВИОТ ТЕСТ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА, СРПСКИОТ ЛИГАШ ЈАВОР ПРЕСИЛЕН ЗА ИЗМЕНЕТИОТ ПЕЛИСТЕР
Пријателски меч
Пелистер - Јавор 0:3 (0:2)

Стадион „Биљанини извори„ Охрид. Гледачи: 50
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Никола Дрновски и Никола Дацовски (сите од Битола)
Стрелци: Рачиќ во 36 и 37 и Дражиќ во 50 минута за Јавор
Жолти и црвни картони: нема
Пелистер:

Пашовски, Брдаровски, Ковачев, Драгарски, Динчев, Љамчевски, Христов, Љубенов, Мустафов, Миленковски, Дуков
Уште играа:
Апостоловски, Магловски, Елмазовски, Анастасов, Ристевски, Петковски, Марковски, Трајковски, Мирчевски, Велевски

Јавор:

Лазовиќ, Ѓорѓевиќ, Миловиќ, Валиџо, Златковиќ, Видиќ, Доциќ, Веселиновиќ, Милошковиќ, Стојаковиќ, Рачиќ
Уште играа:
Мишиќ, Шофранац, Вујовиќ, Дражиќ, Ѓокиќ, Колаковиќ, Гојачанин, Гафуров, Чечериќ
                Во првиот контролен натпревар во новата 2014 година, Пелистер одигра користен тест против српскиот прволигаш Јавор од Ивањица и загуби со убедливо 3:0 на стадионот „Биљанини извори„ Во меч кој следуваше на оној меѓу Шкендија и Зајас, тревникот во Охрид беше многу оштетен, лизгав и тежок за контрола и игра. Во такво надигрување подобро се снајдоа фудбалерите од Србија и ги казнија грешките на битолската одбрана. Миленковски ја имаше првата зрела шанса за пелистерци, а Стојаковиќ во 27 минута излезе сам пред Пашовски, но капитенот на Пелистер одбрани. Во 35 минута корпулентниот напаѓач Рачиќ од тежок агол од левата страна биеше и ја изненади битолската одбрана и Пашовски. Минута подоцна Динчев грубо погреши, му ја подари топката на Рачиќ, а овој забележа дека Пашовски го нашушти голот и ефектно го лобува. Од ништо веќе тимот од Ивањица имаше 2:0 и голема псохолошка предност. Во вториот дел по корнерот на Игор Стојаковиќ, битолската одбрана не стигна да одбрани и Дражиќ од 5-6 метри ја втурна топката во празната мрежа. Во продолжение влегувањето на Анастасов, Мирчевски, Трајковски даде нова свежа крв, но двете екипи не креираа многу. Во последните 5 минути Анастасов од далечина за Пелистер и Дражиќ кој излезе сам пред Апостоловски, имаа можност за уште еден гол, но до крај остана 3:0 за гостите од Ивањица.

Марковски место Морено

                В сабота со лет од Софија, напаѓачот Лопез Морено се враќа во Колумбија, каде ќе му бидат извршени дополнителни тестови и ќе биде констатирано дали ќе може професионално да игра фудбал. На негово место клубот му понуди договор на Благојче Марковски, кој по шест месеци се враќа во матичниот клуб, откако не успеа да се наметне во скопски Еуромилк. Пелистер го ослободи од обврските и десниот бек Милан Ивановиќ, кој замина во третолигашот Царев двор, каде играат и Талевски, Коруновски и Тони Вељановски. 

Нема коментара:

Постави коментар