Powered By Blogger

26. 2. 2014.

Добро второ полувреме за втора победа над Пролет

СКРОМНО ПРВО И УБЕДЛИВО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ ВО ПОБЕДАТА НА ПЕЛИСТЕР НАД ПРОЛЕТ ВО БИТОЛА
Пелистер - Пролет 25:18 (12:9)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500

Пелистер:
Божиновски (10 одбрани), Вакаруз (9 одбрани), Илиевски 2, Јуравлеов 3, Георгиевски 1, Кузмановски 2, Бесараб 1, Чурлевски 3, Ракочевиќ, Вешовски 1, Блажевски 3, Димитровски 4, Јанев 3, Филиќ 2

Со многу посолидно второ полувреме ракометарите на Пелистер го совладаа по втор пар во пет дена тимот на Пролет. Битолчани настапија без младинските репрезентативци Талевски и Дрогришки и дури во финишот на првото и почетокот на второто полувреме го „скршија„ отпорот на гостите од Скопје. Мечот почна израмнето и до 7:7 двете екипи многу грешеа. Тогаш Јанев и седмерците на Јуревлеов донесоа +3 за битолчани на полувреме. Во овој период одлично играта ја организираше Филип Чурлевски и постигна 3 гола. Почетокот на второто полувреме беше клучен околу победникот. Менде Божиновски се разбрани, Васко Димитровски и Игор Илиевски постигнаа неколку голови од контранапад и зелените се одлепија на 20:14. Одбраната 6-0 на Петрески ги даваше саканите резултати и битолчани без никакви проблеми го приведоа мечот кон крај. Во финишот 17 годишниот Филип Кузмановски постигна два убави гола од далечина за победата на Пелистер во ниту еден момент да не биде доведена во прашање. В петок следува гостувањето кај Радовиш, што ќе биде последен тест пред премиерниот меч од Суперлигата со Металург Јуниор наредниот викенд во Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар