Powered By Blogger

4. 2. 2014.

Ренова и Јавор, наредни ривали на зелените

ДВА КОНТРОЛНИ МЕЧА, ПА ПОДГОТОВКИ ОД 12 ДЕНА ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ОХРИД   
Фудбалерите на Пелистер денес имаа нова двојна сесија на тренинзи и ја комплетираат првата фаза на подготовки, која ќе трае до крајот на неделата. Потоа, најверојатно од понеделник, избраниците на Драган Бочевски ќе заминат на 12 дневни подготовки во Охрид, каде ќе ја „брусат„ формата за пролетниот дел од шампионатот.
По победата над Новаци, зелените в четврток од 14 часот во Охрид на стадионот „Билјанини извори„ ги очекува тест меч со Ренова, со која играа два пати есента и славеа со 1:2 во Тетово и загубија со 0:4 под Тумбе кафе. Нема дилеми дека овој тест ќе биде многу корисен за битолскиот прволигаш. Последен пат кога играа Пелистер и Ренова во Охрид, во јуни минатата година „гипсарите„ славеа со 2:0. По тој меч в недела Пелистер ќе одигра уште еден пријателски меч со Јавор од Ивањица, со кого играше минатата среда и загуби со 3:0 исто така во Охрид. Во меѓувреме српскиот прволигаш, кој се подготвува во нашиот туристички центар ја совлада и Ренова со 1:0. За овие мечеви подготвен ќе биде и Христијан Драгарски, а свои први минути во дресот со зелена боја во 2014 година очекуваат и напаѓачите Благојче Марковски и Благојче Главевски.

Нема коментара:

Постави коментар