Powered By Blogger

25. 2. 2014.

„Чкембарите„ подготвуваат рекорд за „вечното дерби„

ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ШАМПИОНАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ПОЧНУВА СО МЕЧОТ СО РАБОТНИЧКИ, НО БИТОЛСКИТЕ НАВИВАЧИ ВЕЌЕ МИСЛАТ НА „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„
Календарот на вториот дел од шампионатот на Македонија во фудбал не ги милуваше битолчани кои во првите две кола гостуваат на националната арена „Филип втори„ најнапред против Работнички на 1, а потоа и против Вардар на 9 март. Иако мечот со дебармаалци треба да биде реванш за елиминацијата во четвртфиналето на Купот, битолските навивачи „Чкембари„ уште сега размислуваат за големото дерби со Вардар.
Последните неколку средби минаа без двете навивачки групи на трибините во Скопје и Битола и тоа или заради протестот на вардаровите навивачи или заради одлуката на ФФМ да им забрани на една од навивачките групи да патува на гостувањето на своијата екипа. Така минатата година кога Пелистер славеше со 1:0 сред Скопје против Вардар со голот на Елмазовски од пенал „комитите„ не беа присутни на трибините, а на „чкембарите„ им беше забрането гостувањето, па ги чекаа своите херои доцна во ноќта на Широк сокак. Во првиот дел од шампионатот во Битола, црвено-црните славеа со 1:2 со неоправдано поништениот гол на Христијан Драгарски, а „комитите„ не допатуваа под Тумбе кафе. Сега најстарата навивачка група во Македонија најавува рекорд. Имено неофицијално битолските навивачи со воз ќе патуваат за Скопје како пред две сезони и најавуваат десет вагони полни со „Чкембари„ Доколку стигнат до бројка од 1000 навивачи на националната арена, тоа ќе биде соборување на нивниот рекорд по бројноста на една гостинска навивачка група во меч за бодови во македонскиот фудбал. Овие денови се очекува потврда на веста за бројната навивачка инвазија кон Скопје.   

Нема коментара:

Постави коментар