Powered By Blogger

27. 2. 2014.

Шестото засилување на Пелистер доаѓа од Црна Гора

ТАЛЕНТИРАН ЦРНОГОРСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ЌЕ ГО ЗАСИЛИ БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ
Недостига само уште комплетирање на документацијата и веројатно од утре Пелистер ќе биде посилен за уште еден шести нов ракометар оваа година. Овој пат засилувањето доаѓа од Црна Гора.
23 годишниот Вукичевиќ веќе ги има договорено сите детали со Пелистер и утре ќе допатува во Битола, каде што ќе го стави својот потпис до крајот на сезоната. Овој, поранешен младински репрезнтативец на Црна Гора својата карира ја започнал во Рудар Пљевен, а има настапи и за Будуќност со кој на два наврати беше шампион на Црна Гора, две сезони има играно во Слога од Добој, БиХ, а ова сезона ја започна во Ловќен, од каде што доаѓа поради лошата финансиска ситуација во клубот од Цетиње. Официјализацијата на трансферот се очекува за време на утрешниот ден, а претставувањето на почетокот од наредната недела. 

Нема коментара:

Постави коментар