Powered By Blogger

14. 2. 2014.

Коњарски до крајот на сезоната во Напредок

БИТОЛЧАНЕЦОТ СЕ „СКРАСИ„ ВО КИЧЕВСКИ НАПРЕДОК, ОТКАКО НЕ УСПЕА ДА ЗАМИНЕ ВО ГЕРМАНИЈА  
Откако заради административни недостатоци не потпиша договор со германскиот третолигаш Елверсберг, битолчанецот Коњарски пронајде домашен ангажман. 25 годишниот фудбалер за врска  Благојче Коњарски својата кариера ќе ја продолжи во кичевски Напредок.
Бившиот фудбалер на Пелистер, Македонија Ѓ.П. Беласица и Силекс ги договори сите детали со клубот кој се бори за опстанок во Првата лига и таму ќе остане најмалку до крајот на сезоната. Во Напредок ќе настапува со браќата Степановски и со Дуков, кого Пелистер го позајми фо крајот на сезоната. Коњарски е изданок на школата на Пелистер и имаше солидни настапи во сите македонски клубови за кои настапуваше. 

Нема коментара:

Постави коментар