Powered By Blogger

21. 2. 2014.

ОФИЦИЈАЛНО: ФК Пелистер даден на продажба

ШПЕКУЛАЦИИТЕ ПОТВРДЕНИ И ФК ПЕЛИСТЕР НАСКОРО ТРЕБА ДА ДОБИЕ НОВ СОПСТВЕНИК
Долгоочекуваниот јавен повик за продажба на доминантниот пакет на акции на ФК Пелистер од денес и официјално е потврден од единствениот акционер на кубот - Општина Битола. Истиот повик е преведен и достапен и на англиски јазик. Повикот за продажба на Пелистер ви го претставуваме во целост:

Општина Битола

“Булевар 1
ви
Мај“ 61 - 7000 Битола Република Македонија
тел: 047 234 234; 208 340
факс: 047 238 723
е-маил: bitola@mt.net.mk

Барање за изјавување на интерес за
ПРОДАЖБА НА ДОМИНАНТЕН ПАКЕТ НА АКЦИИ НА ФК ПЕЛИСТЕР АД БИТОЛА


ФК Пелистер е фудбалски клуб со голема и богата историја од Битола,  Македонија формиран во 1945, а истиот егзистира од 1924. Клубот ја презентирал Битола како на државно така и на просторите на СФРЈ и странство. Клубот бил четири пати шампион во Македонската Републичка Лига и за прв пат во својата историја во сезоната 1974/1975 влегол во втората југословенска фудбалска лига. Најголемиот успех го доживува во 1990-91 во Југословенскиот куп кога достигнаа до 1/8 финале елиминирајќи ги Хајдук, Сплит. Од формирањето на Македонската Прва Лига, Пелистер имаше постојан успех завршувајќи мегу првите пет. Во 2000 год. Пелистер стана првиот клуб кој ја достигна третата фаза од Европското натпреварување. Конечно Пелистер го освои својот прв трофеј во 2001 год. освојувајќи го Македонскиот куп, по кој тие играа во UEFA купот. Наредните години поради финансиски проблеми клубот се врати во Втората македонска Лига. Неколку години подоцна во 2007/08 клубот ја имаше најдобрата сезона завршувајќи на трето место и уште еднаш играа во UEFA купот. ФК Пелистер најмногу е фокусиран на млади и талентирани фудбалери од овај регион по примерот на нашите најпознати фудбалери кои произлегоа од овај клуб и не претставуваа во клубовите ширум Европа и Светот и тоа: Ѓорѓи Христов, Драган Канатларовски, Петар Милошевски, Тони Мицевски, Тони Савевски, Митко Стојковски и многу други. Пелистер моментално настапува во Првата Македонска Фудбалска Лига и е на прво место по бодови заедно со ФК Вардар и ФК Турново. Во 2012 год. повторно поради финансиски проблеми клубот го превзеде Општина Битола која е единствен основач со 100 % акции, а клубот е трансформиран во Фудбалски клуб Пелистер АД Битола. Се повикуваат заинтересираните домашни и странски физички и правни лица кои сакаат да менаџираат со Фудбалскиот Клуб Пелистер АД Битола односно да го купат доминантниот пакет на акции на ФК Пелистер АД Битола, да достават изјава за интерес најдоцна до 07-03-2014 година.

Општина Битола

“Булевар 1 ви Мај“ 61 - 7000 Битола Република Македонија
тел: 047 234 234; 208 340
факс: 047 238 723
е-маил: bitola@mt.net.mk
Изјавите за интерес може да се доставуваат по писмен пат на адреса на Општина Битола:  ул. Булевар 1-ви Мај бр.61, како и електронски на следната адреса: slavica.nabavki@bitola.gov.mk
По истекот на рокот за доставување на изјавите за интерeс ќе биде одржан  состанок со сите заинтересирани субјкети, за што истите дополнително ќе бидат известени. За подетални информации, заинтересираните субјекти можат да се обратат на:  Славица Димитровска-лице за контакт
Тел. + 389 47208322,+389472342324,+38947208337
E-mail: slavica.nabavki@bitola.gov.mk

Комисија за спроведување  на постапката за продажба на доминантен пакет на акции на ФК Пелистер АД Битола.

Нема коментара:

Постави коментар