Powered By Blogger

9. 2. 2014.

Јавор „влезе во пелисторовата воденица„

ДЕСЕТ ДЕНА ПО ПОРАЗОТ ВО КОНТРОЛЕН МЕЧ ОД 3:0, ПЕЛИСТЕР МУ СЕ РЕВАНШИРА НА ЈАВОР СО ПОБЕДА ОД 1:0
Пелистер - Јавор 1:0 (1:0)

Стадион „Биљанини извори„ Охрид. Гледачи: 50
Главен судија: Тоде Блажевски
Асистенти: Лозановски и Чагорски (сите од Битола)
Стрелец: Воденичаров од пенал во 45 минута за Пелистер
Жолти и црвeни картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Миленковски, Ковачев, Магловски, Христов, Анастасов, Мојсов, Елмазовски, Љамчевски, Вoденичаров
Уште играа:
Ристевски, Петковски, Марковски, Трајковски, Мирчевски, Велевски, Љубенов, Мустафов

Јавор:
Лазовиќ,Џорџевиќ, Миловиќ, Шофранац, Јосовиќ, Видиќ, Дуциќ, Веселиновиќ,Чечариќ,Стојаковиќ, Милошковиќ
Уште играа:
Мишиќ, Вујовиќ, Дражиќ, Ѓокиќ, Колаковиќ, Гојачанин, Гафуров, Валиџо

Избраниците на стратегот Драган Бочески со минимални 1:0 го совладаа составот на Јавор од Ивањица на контролен меч во Охрид. Стрелец на победничкиот погодок беше бугарскиот интернационалец Воденичаров од пенал во 44 минута. На пеналот му претходеше игра со рака на Предраг Џорџевиќ по центаршутот на Илир Елмазовски. Со победата фудбалерите на Пелистер им се реваншираа на „белите“ за поразот 3:0 пред една седмица. Во првиот дел, Јавор ја имаше иницијативата, но Пелистер беше поопасен. Во продолжението следеше серија на замени, по кои ритамот опадна и немаше многу зрели шанси. Најзрелата ја имаше Мартин Мирчевски, кој изби пред гостинскиот голман Лазовиќ, но биеше за малку непрецизно. Од вторник 11 февруари „зелено белите“ ќе се преселат во Охрид и ќе одиграат уште неколку контролни натпревари. 

Нема коментара:

Постави коментар