Powered By Blogger

4. 2. 2014.

Петрески: „Ни недостигаат квалитетни тестови„

ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ МИНА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ КАКО ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР И ВРЕМЕ Е ЗА ПРВИТЕ ВПЕЧАТОЦИ
По враќањето од соседна Србија и трите контролни средби на припремниот турнир, новиот тренер на битолски Пелистер, Томче Петрески направи пресек на сработеното, но и знае кој е главниот проблем во овој период од подготовките. Пелистер со пет странски засилувања треба да го подигне нивото на игра, а битолчани со нетрпение го очекуваат првиот пријателски меч во спортската сала „Младост„ Но како да најдат противник по мерка?
Тоа е главната грижа на оперативците на Пелистер: „Ја реализиравме првата фаза. Одработивме многу тренинзи и одигравме три меча кои прерано дојдоа за нас, но моравме да им излеземе во пресрет на нашите пријатели од Србија. Што е најважно ги обновивме контактите. За жал кубуриме со проблеми со пронаоѓање на добри, вистински спаринг партнери и верувам дека деновиве ќе ги дефинираме и наредните пријателски мечеви. Во предвид доаѓаат Охрид или Преспа, како и грчките клубови. Имаме пет недели до официјалните мечеви и оптимист сум дека подготвени ќе го дочекаме почетокот на март и мечевите за бодови„ ни рече Петрески, кој в раце има нова екипа и убеден е дека неговите момци одат по вистинскиот пат. 

Нема коментара:

Постави коментар