Powered By Blogger

26. 2. 2014.

Дарко Ристевски го засили голот на Хоризонт Турново

ВО ПОТРАГА ПО НОВ ПРЕДИЗВИК, МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ГОЛМАН ПОТШИША ДОГОВОР СО ПРВОЛОГАШОТ ОД „КУКУШ„
Младиот 23 годишен голман кој долги години беше дел од школата на Пелистер, до крајот на сезоната ќе ги брани боите на еден од лидерите на крајот на есенскиот дел од фудбалскиот шампионат, Хоризонт Турново. Бившиот голман на Пелистер и Победа, потпиша за турновци, каде веројатно ќе биде алтернатива на Столе Димовски и заедно со Атанас Јованов ќе чекаат шанса на голот.
Со тоа младиот и корпулентен голман ќе се бори за излез во Европа со екипата од стадионот „Кукуш„ Ристевски заедно со екипата ги мина подготовките во Анталија и деновиве доби неколку слободни дена и се приклучува во Турново за почетокот на пролетниот дел од шампионатот на Македонија. 

Нема коментара:

Постави коментар