Powered By Blogger

4. 2. 2014.

Во Прилеп доаѓаат најдобрите билијард мајстори од Европа

ЕДЕН ОД НАЈВОЗБУДЛИВИТЕ СПОРТОВИ, НА ПРАГОТ Е ВО НАШАТА ЗЕМЈА ДА ПОНУДИ СПЕКТАКУЛАРЕН ТУРНИР
Иако изгледа неверојатно сепак од 14 до 16 фебруари во Прилеп, во прекрасниот објект на билијард клубот „Инсомниа„ ќе се одржи најсилниот отворен турнир во билијард во историјата на нашата земја.
На турнирот се веќе пријавени преку 110 професионални билијард играчи, а постои простор оваа бројка да се зголеми. Вистинско чудо е што 10-15 билијард играчи кои се меѓу најдобрите 30 на светската листа ќе пристигнат во Прилеп и ќе се борат за вредните награди кои изнесуваат 10.000 евра за победниците. Победникот ќе однесе 2.000 евра, а најсериозен кандидат е гркот Иконопулос, кој е петти најдобар билијард играч во светот. Најдобрите играчи од цела Македонија исто така ќе земат учество, а полуфиналните борби и големото финале ќе бидат на програмата на 16 фебрури во вечерните часови. Исто така обезбеден е стриминг пренос на сите мечеви на официјалната страна на организаторот. Вистинско уживање за љуботелите на оваа прекрасна игра. 

Нема коментара:

Постави коментар