Powered By Blogger

2. 2. 2014.

ФФМ ја претстави националната стратегија во Битолa

ОД НАЈФУДБАЛСКИОТ ГРАД НОВОТО РАКОВОДСТВО И НОВИОТ СЕЛЕКТОР ЈА ПРЕТСТАВИЈА СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИНСКИ ФУДБАЛ ЗА ИДНИНАТА НА НАЈПОПУЛАРНИОТ СПОРТ
Фудбалската федерација на Македонија во Битола го реализираше третиот од серијата едукативни семинари за тренери кои се реализираат во сите фудбалски региони во државата. Едукативните предавања и реализацијата на тренинзите се наменети за тренерите кои работат со сите возрасни категории.
Како и на претходните семинари во Велес и Штип, свои предавања имаа селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски, координаторот на младинските национални селекции, Зоран Стратев и одговорниот за грасруд одделот во федерацијата, Бојан Марковски. На едукативниот состанок во Битола ја презентираа Националната стратегија за развој на младинскиот фудбал, новитетите кои Фудбалската федерација на Македонија ги имплементира во пионерските и младинските категории, а главниот фокус беше предавањето и практичниот тренинг кој селекторот на нашата најдобра репрезентација, Бошко Ѓуровски го одработи со фудбалерите од младинските категории на ФК Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар