Powered By Blogger

25. 2. 2014.

Бочевски задоволен од охридските подготовки

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ДО ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ, ТРЕНЕРОТ БОЧЕВСКИ ОПТИМИСТ ПО СРАБОТЕНОТО
Пулените на охридскиот фудбалски стратег Драган Бочевски десет дена минаа во Охрид, каде се подготвуваа за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига „Во десетте дена кои ги поминавме во Охрид ги остваривме сите зацртани цели.
Подготовките минаа без проблеми и што е најважно без повреди со што ги заокружувам како успешни„ истакна „шефот“ на Пелистер, Бочески. „Зелено белите“ во Охрид одиграа шест контролни натпревари каде забележаа четири победи и претрпеа два порази „Секогаш резултатите од контролните натпревари ги ставам во втор план. Но, за да се победи мора да се игра убаво, а ние тоа го направивме во неколку наврати во Охрид. Им дадов шанса на сите фудбалери и задоволен сум прикажаното„ потенцираше Бочевски. Во зимскиот преоден рок екипата на Пелистер ја напуштија неколку круцијални фудбалери Стенио Жуниор, Алтипармаковски и Китановски, а не донесоа соодветни засилувања, но и покрај заминувањето на фудбалерите „чкембарите“ не го менуваат курсот.

Нема коментара:

Постави коментар