Powered By Blogger

14. 2. 2014.

Денес против Охрид, наредната недела двомеч со Пролет

СКОРО КОМПЛЕТЕН ТИМОТ НА ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ СО ТРИ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧА ВО СЕДУМ ДЕНА
По првиот домашен тест пред точно една недела, ракометарите на Пелистер денес од 19 часот во Охрид во спортската сала „Биљанини извори„ пак ќе играат против охриѓани во вториот домашен тест, петти заедно со српскиот турнир. Дефинирани се и противниците за наредната недела.
Во вторник навечер Пелистер во главниот град му гостува на Пролет, а со истиот ривал ќе игра во спортската сала „Младост„ наредниот петок. Во меѓувреме ракометарите од Украина и Молдавија се вратија во Битола со годишна виза и ќе настапат против Охрид. Се очекува само уште враќањето на францускиот чувар на мрежата Крис Нкунгуа, кој одлично бранеше минатата есен. Во последните 10 дена од подготовките, Пелистер ќе одигра уште два теста. Се размислуваше за дуел со грчкиот ПАОК од Солун, но мали се шансите да дојде до овој пријателски меч. 

Нема коментара:

Постави коментар