Powered By Blogger

24. 2. 2014.

Преку Фуксе Берлин, Шундовски се поблиску до Берлин

РЕМИ ПРОТИВ СИЛНИОТ БУНДЕСЛИГАШ ОД БЕРЛИН ЗА РОМАНСКИОТ ПРВАК КОНСТАНЦА НА ЗВОНКО ШУНДОВСКИ
Битолскиот стратег на клупата на Констанца Звонко Шундовски продолжува со одлични резултати во рамките на групната фаза од ЕХФ Купот, откако во третото коло одигра 31:31 против големиот фаворит германскиот Фуксе Берлин.
Овој бундеслигашки тим важи за еден од фаворитите за трофејот во ова натпреварување, но Шундовски и неговите избраници имаа уште еден одличен натпревар, по оној на гостувањето во Франција против Шамбери минатиот викенд (29:29). Констанца каде се наоѓа и репрезентативецот Бранислав Ангеловски, покажаа карактер откако неколку пати се враќаа од негатива од по три погодоци. Констанца го сврте резултатот во своја полза и на десетина минути до крајот поведе со +3, но не успеа да ја задржа предноста до самиот крај. Тома постигна погодок за водство од 31:30 на две минути до крајот, но веќе во следниот напад реализираше Игропуло, спасувајќи бод за германскиот состав. Тома одигра фантастичен меч со осум гола од исто толку обиди кон противничкиот гол, додека кај Берлин најефикасен беше Закирсон со осум постигнати погодоци. Ако продолжи во овој стил Шундовски со својот состав лесно може да се случи да дотурка и до Берлин каде во средината на мај се игра првиот Final-four во ЕХФ Купот.

Нема коментара:

Постави коментар