Powered By Blogger

5. 2. 2014.

Мартин Мирчевски - новиот битолски фудбалски бисер!

ДАЛИ НА ПОВИДОК Е НОВ БИСЕР ОД ШКОЛАТА НА ПЕЛИСТЕР
На далеку прочуената битолска фудбалска школа на повидок е да лансира уште еден голем фудбалски бисер. Имено кадетскиот репрезентативец на Македонија Мартин Мирчевски веќе цела оваа сезона тренира и игра контролни натпревари со сениорската екипа, а мечеви за бодови со младинската екипа на Пелистер.
Тој наредната недела на 11 фебруари ќе наполни 17 години, а веќе зад себе има многу мечеви дури и за сениорската екипа. Бугарските фанови го запознаа во Тетеван минатиот јули, кога Пелистер против Литекс играше контролен натпревар. Оваа зима одигра по 20-30 минути против Јавор и Победа, а против Новаци почна и од првата минута. Мирчевски кого во Битола го знаат како Минче, располага со префинета техника и може да игра на сите позиции во средниот ред. Скоро сите тренери кои работеле со него се воодушевени и се согласни дека се работи за вонсериски талент, но и скромно и работливо момче. Дури и факт е дека изгледа позрело за годините кои ги има. Мирчевски е на патот да дебитира и во меч за бодови под Тумбе кафе, со што ќе го продолжи низот на фудбалери кои дресот на Пелистер го облекле на 16-17 години. Во оваа категорија спаѓаат и сегашните соиграчи на Мирчевски во младинската екипа кои веќе тренираат и со сениорите Јове Трајковски и Мартин Кузманов. Дури и младинскиот координатор Зоран Стратев пред неколку дена ги потенцираше битолските фудбалски бисери, кои можат да одбележат многу од иднината на битолскиот прволигаш.

Нема коментара:

Постави коментар