Powered By Blogger

7. 2. 2014.

„Положен првиот тест„ на новиот Пелистер

ЛЕСНА И УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПРОТИВ КОНКУРЕНТНИОТ ОХРИД
Пелистер - Охрид 30:24 (15:11)

Спортска сала „Младост„ - Битола

Пелистер:
Дрогришки 7, Димитровски 7, Илиевски 4, Вешовски 4, Георгиевски 3, Филиќ 2, Ракочевиќ 1, Кузмановски 1

За прв пат во новата година ракометарите на Пелистер под водство на новиот тренер Томче Петрески се претставија пред битолската публика. Иако без засилувањата во преодниот рок, зелените беа пресилен противник за Охрид, од кого загубија во ноември во меч за првенствени бодови. Со водство во текот на сите 60 минути и солидно издание, пелистерци ги задоволија битолските гледачи кои исполнија голем дел од една трибина од спортската сала „Младост„ да го видат новиот Пелистер. Младиот Стефан Дрогришки беше одличен и мотивиран, па постигна многу лесни голови. На неговото ниво одигра и Димитровски од позицијата на кружен напаѓач. Пелистерци поведоа со 4:2, па 8:5, до 15:11 на полувреме. Во вториот дел, постојано водеа момците на Томче Петрески и победа во ниту еден момент не беше доведена во прашање.   

Нема коментара:

Постави коментар