Powered By Blogger

15. 2. 2014.

Двајца српски кошаркари го засилија Пелистер

ДАЛИ СО ДВЕТЕ ЗАСИЛУВАЊА, КК ПЕЛИСТEР БАРА „СЛАМКА ЗА СПАС„ ОД ИСПАЃАЊЕ
Во обидот да опстане во Првата кошаркарска лига, битолски Пелистер на последниот ден од преодниот рок доведе две српски засилувања кои ќе дебитираат утре против Струмица. Со оглед на тоа што првите два натпревари се со директни конкурентни и од нив зависат многу нешта околу опстанокот, новајлиите ќе мора веднаш да помогнат во екипата. 25 годишниот Миљан Радисављевиќ доаѓа од чачанската школа, но во првата половина на оваа сезона настапуваше на Цетиње.
Заедно со него пристигна и 19 годишниот Никола Косановиќ, кој настапуваше за црногорскиот Морнар. И покрај засилувањата со голема резерва се гледа на можноста да се обезбеди опстанокот и можеби овој потег е очајнички и последна шанса да се биде конкурентен. Ако Пелистер не успее тоа ќе биде втор пат во историјата веднаш по враќањето во Првата лига, пак да испадне и да се врати во второлигашкото друштво.

Нема коментара:

Постави коментар